РОДИТЕЛИТЕ ДА ДОСТАВАТ ДОКУМЕНТАЦИЈА Бесплатна градинка за социјално загрозените деца од Аеродром

153

На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, била донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна ги повика граѓаните да стапат во контакт со надлежните во градинката или со општинските служби заради доставување на потребната документација и остварување на ова право.






„Минатата година, беа укинати сите дополнителни трошоци кои родителите ги одвојуваа за хигиенскиот пакет, како и наставно-образовните материјали за работа по групи во градинките. Продолжуваме со креирање на мерки и носење одлуки кои ќе го поддржат развојот на најмладите, но ќе значат и поддршка на семејствата кои се соочуваат со економски и социјални проблеми”, нагласи тој во фејсбук објавата.

Поврзани содржини