Мајка на дете кое се крстело во неделата во Лимасол на Кипар, најавила дека ќе го тужи свештеникот кој ја оддржал церемонијата на крстење, бидејќи бил многу груб со бебето, пренесува Б92.
Како што тврди мајката, попот неколку пати агресивно го нурнал бебето во светата вода, додека детето цело време плаче. По церемонијата, бебето имало модрици, пренесува порталот 24 сата. На видео снимката впечатливо е дека мајката ја напуштила просторијата бидејќи повеќе не можела да гледа, а попот не покажал апсолутно никаква намера да го прекине крстењето.
– Викавме на него, му зборувавме да прекине, а тој само одговори „Јас така крстам, пуштете ме да си ја одработам работата“ и продолжил. Свештеникот ни го уништи најубавиот ден, а бебето го однесовме на лекар и 24 часа по инцидентот се уште е во шок – изјавила мајката.
– Сум крстел многу деца. Кога видов дека бебето е под стрес, сакав да завршам што побргу – изјавил свештеникот.