РОДЕНДЕН ЗАВРШИ СО ПОЖАР ВО СВЕТИ НИКОЛЕ Малолетник запалил прскалка на забава, интервенираа пожарникари

Момче од Свети Николе запалил прскалка на роденденска забава, а од искрите се проширил пожар кој зафатил трева. Интервенирала противпожарна единица – нема повредени, но случајот го презема обвинителството.

532

Синоќа во Свети Николе за малку ќе завршела трагично една роденденска забава, откако 17-годишно момче запалило прскалка на балкон, а од искрите настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште.

Како што информира СВР Штип, инцидентот бил пријавен во 22:20 часот во ОВР Свети Николе. Според првичните информации, малолетникот запалил прскалка на роденден кај другар, а неколку искри паднале на блиската сува површина, што резултирало со пожар.






За среќа, брза интервенција на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе спречила поголема материјална штета. Пожарот е успешно изгаснат, а повредени лица нема.

Од полицијата информираат дека за случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани содржини