📽️ 📷 РОБОТИ ГО ОСВОИЈА ФРОНТОТ БЕЗ ПЕШАДИЈА Зеленски се пофали со иднината на бојното поле

Украинскиот претседател вели дека беспилотните системи за првпат целосно зазеле непријателска позиција без учество на пешадија.

280

За првпат од почетокот на војната во Украина, непријателска позиција била целосно заземена со копнени роботски системи и беспилотни летала – без учество на пешадија, соопшти претседателот Володимир Зеленски.

Во обраќање до работниците во одбранбено-индустрискиот комплекс, Зеленски нагласи дека операцијата била изведена исклучиво со беспилотни платформи.






– Иднината е тука, на бојното поле, а Украина ја создава. Ова се нашите копнени роботски системи – изјави Зеленски.

 

Тој додаде дека станува збор за историски момент во војната, бидејќи позицијата била освоена без директно учество на војници на терен.

– За прв пат во историјата на оваа војна, непријателска позиција беше заземена исклучиво од беспилотни платформи и беспилотни летала. Окупаторите се предадоа, а операцијата беше завршена без вклучување на пешадијата и без загуби од наша страна – рече Зеленски.

 

Според него, роботските системи одиграле клучна улога во најопасните зони на фронтот.

– Робот влезе во најопасните зони наместо војник. Со други зборови, илјадници животи се спасени – истакна украинскиот претседател.

Зеленски наведе дека системите како „Рател“, „Термит“, „Ардал“, „Ринкс“, „Змиј“, „Протектор“ и „Воља“ реализирале повеќе од 22.000 мисии во последните три месеци, што, како што рече, значи илјадници избегнати ризици за украинските војници.

Поврзани содржини