Славниот италијански моден креатор, Роберто Кавали (80), ужива во љубовта со многу помладата избраничка.
Покрај богатата модна кариера, Кавали има и бурен љубовен живот. Се венчал двапати, има пет деца, а и покрај годините кои ги има денес, ужива во љубовта како во младоста.
Поради врската со Лина Нилсон, која е 47 години помлада од него, се соочувал со многу осуди. Со Лина е во врска од 2008-ма година, често одмораат на лускузни дестинации, пловејќи со јахти, а нивните романтични моменти папараците често успеваат да ги ‘уловат’.
Кавали често ѝ подарува луксузни подароци, а за роденденот, како што пишуваат странските медиуми, ѝ купил приватен остров во нејзината родна Шведска, за кој издвоил 2 милиони фунти. На островот има четирисобна вила, базен, терен за голф, но и остатоци од викингшки тврдини.
ФОТО: Luis Sanchez/Crystal Pictures