РОБЕРТ КЕНЕДИ ЏУНИОР МУ УДРИ КЛОЦА НА ОДБОРОТ ЗА ВАКЦИНИ ВО САД Секретарот за здравство спрема нов тим

Секретарот за здравство на САД, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, рече дека многу од членовите на одборот, кои обично се педијатри, епидемиолози, имунолози и други лекари, биле „назначувани во последен момент“ од администрацијата на Бајден.

352

Секретарот за здравство на САД, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, го распушти експертскиот советодавен одбор за вакцини, што традиционално ги водеше препораките за вакцини на федералната влада, нагласувајќи дека групата е „преполна со судири на интереси“, објави Си-Ен-Ен.

Целиот 17-член Советодавен комитет за имунизација (ACIP), што ги советува Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) за распоредите за вакцинација и задолжителното покривање на имунизацијата, ќе биде повлечен и заменет со нови членови, објави Кенеди во колумна на Волстрит џурнал.






Секретарот за здравство има овластување да назначува и да разрешува членови на одборот, кои обично имаат четиригодишен мандат. Сепак, замената на целиот одбор пред крајот на мандатот е без преседан, јавија американските медиуми.

Кенеди рече дека многу од членовите на одборот, кои обично се педијатри, епидемиолози, имунолози и други лекари, биле „назначувани во последен момент“ од администрацијата на Бајден.

„Без отстранување на сегашните членови, сегашната администрација на Трамп нема да може да ги назначи повеќето од новите членови до 2028 година“, напиша тој.

Членовите на ACIP не се политички назначени. Сепак, Кенеди, долгогодишен критичар на федералната политика и безбедност за вакцини, тврди дека сегашниот панел е преполн со судир на интереси и не бил транспарентен во своите препораки за вакцини.

Кенеди претходно му вети на сенаторот Бил Касиди, републиканец од Луизијана и претседател на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии, дека ќе се консултира со него за пополнување на клучните позиции во советодавните одбори за вакцини.

Поврзани содржини