РКЕ со апел да се користат дигиталните услуги од енергетските компании и комуналните претпријатија

Со дигиталните услуги, како што велат од РКЕ, се избегнува физичкиот контакт, а се овозможува отчитување на броила и водомери.

206

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) апелира до потрошувачите да продолжат да ги користат новите дигитални услуги од енергетските компании, но и од комуналните претпријатија се додека е на сила вонредната состојба, но и во периодот до враќање во нормала.

Со дигиталните услуги, како што велат од РКЕ, се избегнува физичкиот контакт, а се овозможува отчитување на броила и водомери.






– Во изминатиот период на вонредна состојба компаниите врз коишто имаме надлежност ги приспособија услугите согласно насоките и препораките од Министерството за здравство и Владата со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Дел од нив, понудија решенија со коишто побрзо, поедноставно и без физички контакт се овозможи прибирање на податоци неопходни за непречено функционирање на системот – изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Сакам да апелирам до потрошувачите, доддаде, да ги користат овие дигитални услуги како што е онлајн пријавување на состојба на броило во ЕВН, со што врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената електрична енергија.

– Истото се однесува и за можноста што ја нуди ЈП Водовод и канализација – Скопје преку мобилна апликација за пријавување на состојба на водомер од 10-ти до 16-ти секој месец – потенцира Бислимоски.

Поврзани содржини