РИЗИЧНО Е ФОРМИРАЊЕ НА БАЛКАНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА Чеферин е против одлуката на ФИФА за поголем број учесници на Мундијалот

Претседателот на УЕФА повтори дека одлуката на ФИФА да го зголеми бројот учесници на следниот Мундијал од 32 на 46 е погрешна.

271

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин при вчерашната посета на Белград не ја исклучи можноста за формирање регионална фудбалска лига, но истакна дека тоа во моментов е ризична опција.

– Не исклучувам можност за формирање регионална лига. Сепак, во моментов е многу ризично да се организира таква лига во нашиот регион или во границите на поранешната држава – изјави Чеферин.






Тој повтори дека одлуката на ФИФА да го зголеми бројот учесници на следниот Мундијал од 32 на 46 е погрешна.

– Тоа е проблем на ФИФА, но според мое мислење, квалитетот ќе биде помал. Ќе имаме повеќе неинтересни натпревари. Во секој случај, тоа не е проблем на УЕФА и затоа европските првенства се поквалитетни – оцени Чеферин.

Поврзани содржини