Ристовски: Смртноста од вакцината на „Фајзер“ е поголема од таа на „АстраЗенека“

Во однос на клиничките испитувања во САД, 3-4 испитаници добиле реакција од вакцината, а во Британија на 24.000 од кои 1-2 пројавиле компликации - вели доктор Ристовски.

748

Доктор Владимир Ристовски од Ковид центар „8 Септември“ во емисијата „24 анализа“ потенцираше дека преку 12 милиони граѓани од кои само 6 пројавиле компликации и само еден летален исход. Многу поголема е смртноста во однос на клинички студии од „Фајзер“ одошто од „АстраЗенека“.

– Во однос на клиничките испитувања во САД, 3-4 испитаници добиле реакција од вакцината, а во Британија на 24.000 од кои 1-2 пројавиле компликации – вели доктор Ристовски.






Ристовски рече дека во моментот на клиниката има преку 150 пациенти хоспитализирани и повеќе од 85% кои се на кислородна поддршка, дел се во општа тешка состојба а во тријажниот дел има преку стотина прегледи. Најголем број се со сатурација под 50, секојдневно има новопримени пациенти. Истакна дека не треба да се заборават компликациите од ковид и дека компликациите од вакцината се минимални во однос на болеста.

Поврзани содржини