РИСИЦАТА ЗОРА Е МЛАДА ЗДРАВА ЖЕНКА Македонското еколошко друштво лоцираше уште еден балкански рис
Ова е 15-от балкански рис на кој МЕД му постави околувратник, преку кој собираме драгоцени информции кои ни помагаат за закрепнувањето на овој наш најдраг подвид, обави Македонското еколошко друштво.
Македонското еколошко друштво успеа да лоцира уште еден балкански рис, објави организацијата на Фејсбук.
„Станува збор за млада женка, која ја крстивме Зора. Тешка е 15,5 килограми. Ова е 15-от балкански рис на кој МЕД му постави околувратник, преку кој собираме драгоцени информции кои ни помагаат за закрепнувањето на овој наш најдраг подвид“, обави Македонското еколошко друштво.
Видеото можете да го погледнете на овој линк.