Латино пејачот Рики Мартин пред 10 години јавно призна дека е хомосексуалец. Тој во меѓувреме стапи во брак со Џван Јозеф, а имаат четири деца.
Откако зборуваше за својата сексуалност, тој наиде на критики дека бил нечесен со жените што претходно ги сакал.
– Сексуалноста е една комплицирана работа, не е сѐ црно-бело, исполнета е со бои. Кога излегував со жени, бев вљубен во нив. Се чувствував добро, се чувствував убаво. Не можете да ја лажирате хемијата што ја чувствувате кон некого, хемијата што беше таму со нив. Јас не залажував никого – рекол Мартин во интервјуто за магазинот „Пипл“.
Пејачот притоа открил дека жали што не рекол дека е хомосексуалец во претходните интервјуа.
– Ќе беше одлично ако го сторев тоа тогаш, затоа што би се чувствувал неверојатно. Кога станува збор за мојата сексуалност и кој сум, сакам да зборувам за тоа што ме прави, за сè што сум. Затоа што ако го скриеш, ти си меѓу животот и смртта “, рече тој.
Рики се венча со Џван Јозеф во 2017 година, а од 2008 до 2014 година беше во врска со Карлос Гонзалес. На почетокот на неговата кариера се забавуваше со Инес Мисан, Маитал Сабан, Адријан Биего, Лили Мелгар, Ребека де Алба и Габриела Сабатини.