Рикер: Продолжете ги реформите, зајакнете го владеење на правото за просперитет на граѓаните
Указот на претседателот на САД за санкции кон оние актери што сакаат да го поткопаат овој процес, ќе овозможи да се зајакне таа цел, придонесувајќи кон ефикасна и стабилна власт, признавајќи дека целосната интеграција во трансатлантските институции е тоа што го сакаме и го очекуваме, порача Рикер.
Уште многу работа останува да се направи и отворањето на преговорите со Европската Унија е почеток на процесот што ќе налага натамошна посветеност, ова вечерва во Охрид го изјави помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, на отворањето на конференцијата „Патот до Преспа“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.
Рикер подвлече дека САД стојат зад Македонија како сојузник и како пријател.
– САД, претседателот Бајден, државниот секретар Блинкен, сме уверени дека Македонија може и ќе ги направи неопхдоните чекори како што е продолжување на реформите, зајакнување на владеење на правото, борбата против корупцијата, зголемување на транспарентноста за да гарантира попросперитетна иднина за нејзините граѓани, како и зајакнување на стабилноста на регионот. САД остануваат посветени и се дел од овој регион и ќе продолжат да стојат покрај вас, како што кажа и самиот претседател Бајден како сојузник и како пријател – истакна Рикер.
Тој повтори дека САД остануваат целосно посветени на Западен Балкан и оти нивната визија е Европа да биде комплетна, слободна, и во мир.
– Указот на претседателот на САД за санкции кон оние актери што сакаат да го поткопаат овој процес, ќе овозможи да се зајакне таа цел, придонесувајќи кон ефикасна и стабилна власт, признавајќи дека целосната интеграција во трансатлантските институции е тоа што го сакаме и го очекуваме – порача тој.