Ригорозни правила за АО: Со само еден погрешен чекор следат апсења или депортација
Казните се движат од парични казни до дисквалификација, па дури и апсења и депортации од земјата.
Поради пандемијата на ковид-19, Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн годинава ќе биде различно од било кое претходно, почнувајќи од датумот во февруари, до строгите правила воведени од организаторите кога станува збор за почитувањето на мерките.
Имено, тенисерите ќе треба да поминат низ задолжителен карантин од 14 дена од пристигнувањето во Австралија, каде ќе бидат тестирани неколку пати за тоа време, а ќе им биде дозволено ограничено време надвор од хотелот и тренинзи во мали групи само по осмиот ден.
Новак Ѓоковиќ, заедно со Надал и Тим, треба да бидат во посебен карантин во Аделаида, иако српскиот тенисер не го сака тоа затоа што нема да има никакви привилегии во однос на другите тенисери.
Сепак, тој и сите други тенисери се соочуваат со сериозни санкции доколку тој или кој било од неговиот тим ги прекрши строгите правила што се пропишани.
Казните се движат од парични казни до дисквалификација, па дури и апсења и депортации од земјата.
Еве само некои од правилата објавени од медиумите во Австралија:
– Секој што ќе го напушти карантинот без дозвола може да биде казнет со 19.000 долари со плус дополнителни кривични санкции.
– Кој ќе ги прекрши правилата може да се соочи со дисквалификација, лишување од паричната награда, продолжен карантин, апсење, па дури и депортација, што може да влијае на поединецот во иднина во проблемот со повторно влегување во Австралија во следните години.
– Исто така, секое прекршување на кој било член на нечиј тим ќе се смета за повреда на самиот играч.
Овој пристап на нулта толеранција ќе започне кога играчите ќе се качат на еден од 18 чартер-летови што заминуваат од седум различни градови – Абу Даби, Анталија, Доха, Дубаи, Лос Анџелес, Мајами и Сингапур. Пристигнувањето во Мелбурн ќе се одржи под полициска придружба, а автобусите ќе патуваат директно до одредени хотели.
Сите овие строги мерки ќе го чинат Австралија опен повеќе од 35 милиони долари, а натпреварувањето ќе биде погодено и од намалената продажба на билети, бидејќи капацитетот ќе се намали на 50 до 75 проценти, стадионите ќе бидат поделени во три зони за да се намали контактот и би било полесно да се следат контактите ако има позитивен случај на коронавирус меѓу публиката.