Пејачката Ријана донираше 5 милиони американски долари преку Фондацијата „Клара и Лионел Брајтваит“ за борба против коронавирусот.
Фондацијата го носи името на нејзината баба и дедо. Пејачката одлучила да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош.
„Одговоривме на ковид-19 со дистрибуција на пет милиони долари за хуманитарните организации „DirectRelief“, „Feeding America“, „Rescueorg“, „WHO & Barbados” за опремување на заедницата со заштитна опрема, медицински потреби и помагала и храна во сите региони“, објавила фондацијата, која Ријана ја основаше пред осум години.
Една од целите е поддршка и финансирање на ефикасните програми за образование, здравје и одговори на итните состојби ширум светот.
Повеќето од средствата ќе бидат искористени за помош на медицинскиот персонал и купување на потребна опрема, но и одржување на одделенијата за интензивна нега и помош во завој на вакцина и други методи во борба против вирусот.