Холивудската актерка Џулија Робертс (53) ретко се појавува во јавноста во друштво на сопругот и снимателот Даниел Модер, со кого е во брак 19 години, но двојката овие денови е снимена на романтична прошетка низ улиците на Њујорк.
Папараците ги снимиле по вечерата во еден од популарните ресторани, по што прегрнати прошетале низ Менхетен.
Oскаровката за таа прилика избра долг црн фустан со деколте, носејќи заштитна маска на лицето.
Сопружниците ги имаат 16-годишните близнаци Хејзел и Финеус и 14-годишниот син Хенри. Тие се запознаа во 2000 година на снимањето на „Мексиканец“, а се венчаа две години подоцна на нивниот ранч во Ново Мексико.
Џулија и Даниел неодамна прославија 19-годишнина од бракот, а ја одбележаа и на социјалните мрежи каде објавија заеднички фотографии.
„19 години! Штотуку почнавме“, напиша тогаш Џулија во описот на фотографијата.
Во последните неколку месеци почнаа да кружат гласини дека парот е пред развод, но Џулија и Даниел за медиумите изјавија дека ова се само озборувања на кои тие не обрнуваат внимание. Меѓутоа, тие разговараа за сѐ со своите деца, бидејќи не сакаат тие да добијат погрешен впечаток, а на децата одамна им објаснија дека постои можност слични шепотења да се повторат, со оглед дека и двајцата се славни личности.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм