Ресторани нудат попуст на вакцинираните: Прва доза 10 отсто, втора доза 20 отсто попуст
Рестораните, хотелите и продавниците се отворени во Дубаи, каде повторно се отворени границите за туристите за да заживее овој важен сектор во економијата.
Три ресторани во Дубаи нудат попуст на гостите кои се вакцинирани против коронавирусот, објавуваат социјалните мрежи пренесува Б92.
Веста е објавена во моментот кога емиратот ја забавува вакцинацијата поради доцнењето во испораката на вакцините на Фајзер/ Бионтек.
Рестораните, хотелите и продавниците се отворени во Дубаи, каде повторно се отворени границите за туристите за да заживее овој важен сектор во економијата.
„Прва доза: 10 отсто попуст. Втора доза: 20 отсто попуст“, објавиле три ресторани на Фејсбук и Инстаграм, прецизирајќи дека за тоа ќе биде потребен „доказ“ како лекарска потврда.
Дубаи, еден од седумте емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, во средината на декември покренал кампања за вакцинирање по одобрувањето на кинеските вакцини Синофарм и американско-германската Фајзер/Бионтек.
Здравствените власти меѓутоа викендов најавиле забавување на вакцинацијата со Фајзеровата вакцина поради доцнење во испораката.
Во тој контекст, владата одлучила да ограничи одредени активности и да ги засили мерките за физичка дистанца.
Власта ги повика жителите со помош на мобилна апликација да пријават кршење на тие мерки.
Според официјалните податоци, повеќе од два милиона луѓе примиле вакцина од вкупно 10 милони население.
Во Емиратите се регистрирани повеќе од 280.000 заразени со коронавирусот и 800 починати.