Ресторан во Ница отворен и покрај забраната, гостите извикувале „слобода, слобода“

304

Ресторан во Ница денеска ја отворил вратата за гости и покрај националниот карантин поради пандемијата на ковид-19, што е знак за се поголема фрустрација на граѓаните поради ограничувањата кои француската влада би можела да ги заостри во деновите кои следат.

Гостите го наполниле ресторанот Poppies, а сопственикот ги послужил со њоки и говедско.






Полицијата го повикала сопственикот на разговор во полициска станица, ама не го прекинала ручекот, ниту ги исфрлила гостите од ресторанот.

Гостите извикувале „слобода, слобода“, откако полицијата заминала.

Рестораните и баровите во Франција се затворени од октомври. Жителите на Париз велат дека и тие сведочеле на слична непослушност во својот град.

Поврзани содржини