РЕСЕТИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ ИЛИ ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА ТРГОВСКАТА ВОЈНА? Трамп и Џинпинг кажаа што мислат за договорот за царините

Неочекуваниот пресврт на настаните обезбеди привремено олеснување во исцрпувачката трговска војна што ги потресе финансиските пазари, ја загрози трговијата меѓу двете најголеми економии во светот и предизвика страв од глобална рецесија.

318

Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп во одделни изјави ден по објавата на договорот за намалување на царините за период од 90 дена, оценија дека договорот е привремен, но е повод за подобрување на односите кои се вжештија откако американскиот претседател почна да ги зголемува царините за Кина.

– Нема победници во трговските и царинските војни. Насилството и хегемонијата водат само до самопрогласена изолација – рече Си, повторувајќи го предупредувањето што постојано го упатуваше за време на трговскиот конфликт до американскиот претседател Доналд Трамп.






Тој  пред претставниците од Латинска Америка и Карибите собрани на самитот во Пекинг и нагласи  додаде дека  единството и соработката меѓу земјите станале неопходни.

– Големите промени што не сме ги виделе во последните сто години се забрзуваат – рече  Си.

Американскиот претседател, пак , во својата изјава пред заминувањето во Саудиска Арабија нагласи дека САД не сакаат да ѝ наштетат на Кина, која веќе претрпе голема штета, и дека односите меѓу земјите сега се добри.

– Вчера постигнавме потполно ресетирање на односите со Кина, по продуктивните разговори во Женева, двете страни се согласија да ги намалат царините воведени по 2 април на 10% во наредните 90 дена, додека преговорите за главните структурни прашања продолжуваат – рече Трамп.

Тој прецизира дека договорот не ги вклучува царините за увоз на автомобили, челик, алуминиум, како  и фармацевтски производи, бидејќи Вашингтон сака да го врати фармацевтскиот бизниси во САД. според него, тоа веќе се случува бидејќи компаниите не сакаат да плаќаат високи царини.

Тој најави дека ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг на крајот на неделава.

САД и Кина објавија дека значително ќе ги намалат царините за стоките што се тргуваат меѓусебно за почетен период од 90 дена.

На почетокот на април, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави зголемување на тарифите за голем број земји, а Кина беше најпогодена со царини од дури 145%, на што Кина одговори со контрамерки од 125%.

Неочекуваниот пресврт на настаните обезбеди привремено олеснување во исцрпувачката трговска војна што ги потресе финансиските пазари, ја загрози трговијата меѓу двете најголеми економии во светот и предизвика страв од глобална рецесија.

Поврзани содржини