„РЕСЕТ“ ЈА ОДНЕСЕ ПОБЕДАТА ЗА НАЈДОБРА „HR“ ПРАКТИКА Реплек со нов пристап за среќни и продуктивни вработени!

Наградената платформа, создадена според потребите и очекувањата на вработените, има за цел да создаде рамнотежа меѓу професионалниот и личниот живот, подобрување на работната атмосфера и поттикнување на развојот на кариерата.

103

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на фармацевтската компанија Реплек е прогласена за најдобра практика во областа на човечките ресурси за 2024 година. Највисокото признание за HR иницијативи, кое се доделува од Македонската асоцијација за човечки ресурси, компанијата го освои преку непосредно гласање на стручното тело.

Наградената платформа, создадена според потребите и очекувањата на вработените, има за цел да создаде рамнотежа меѓу професионалниот и личниот живот, подобрување на работната атмосфера и поттикнување на развојот на кариерата.






– Во услови на турбуленции на пазарот на труд и недостиг на специфични професии, клучен предизвик за компаниите е да создадат услови кои не само што ќе ги задоволат очекувањата на вработените, туку и ќе овозможат соодветен личен развој. За нас е важна продуктивноста, но цврсто веруваме дека најзначајната вредност на секоја компанија се луѓето. Без нив нема напредок – изјави Тања Иванова Ѓорѓиевска, директор на секторот за луѓе во Реплек.

Таа додаде дека признанието претставува потврда дека заложбите на компанијата се препознаени и валоризирани.

– Оваа платформа е резултат на нашите напори да создадеме цврсти врски со нашите вработени и да ја чувствуваат компанијата како своја. Оттука, оваа награда е од големо значење за нас – вели Иванова Ѓорѓиевска.

Во рамките на „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ се реализираат активности како воведување на флексибилно работно време и хибриден модел на работа. Според интерните анализи, 80% од вработените ги користат овие модели, а 83% пријавиле зголемено задоволство од работното место.

Дополнително, се организираат работилници посветени на физичкото и менталното здравје, вклучувајќи теми како женското и машкото здравје, третман на мускулоскелетни заболувања и достапност на физиотерапевтски услуги на работното место. Овие активности резултирале со намалување на стресот и зголемена продуктивност.

Во 2024 година, кога Реплек одбележува 80 години од своето основање, компанијата продолжува со активна имплементација на платформата, со визија да создаде корпоративна култура каде што добросостојбата станува секојдневие за сите вработени.

Поврзани содржини