Републиканец кој почина од ковид-19 победи на изборите во Северна Дакота
Андал и уште еден републиканец освоија две места во Северна Дакота, а Андал успеа да освои околу 36 проценти од гласовите.
Еден републиканец во Северна Дакота ја освои функцијата владин функционер иако почина пред скоро еден месец од компликации предизвикани од инфекцијата со ковид-19.
Дејвид Андал почина на 55-годишна возраст на почетокот на октомври, пишува „Politico“. За неговото место ќе се најде замена во редовите на републиканците.
Во Северна Дакота, има голем пораст на бројот на нови инфекции со коронавирусот во текот на минатиот месец.
Андал и уште еден републиканец освоија две места во Северна Дакота, а Андал успеа да освои околу 36 проценти од гласовите.