Релативизатори, намалете малку со лешинарење!
Стојанче сметал дек требит да е награден пошо го спасил Кочани. Отсуството на срам изгледа не му е доволна награда.
Навистина е сомнително што околу Илинден, во најтоплиот период од годината кога температурите се над 40, има олку пожари.
Се игра некоја игра само да ѝ се наштети на најдобрата влада во историјата.
Само уште саботерот на сервисот на авионите да го најдеме и сѐ е спремно убаво да се изрелативизира одговорноста.
***
Сега релативизаториве треба да се пуштат кај семејството на жената што изгоре за да им објаснат дека нема нова опрема поради Скопје 2014 и да им кажат зошто не се во затвор тие што краделе туку си тераат бизниси со новата власт.
Ама пуштете ги со новите службени возила набавени последниве година-две. Навикнати се да голтаат тие и поголем измет, така што не е фрка.
***
Пак бунете се кога сечат дрвја и ставаат бетон на нивно место.
Дрвјата горат, бетонот не!
***
Изгледа падна наредба пожарите да се разводнат со потсетувања на катастрофата во Стајковци. Па се редат имиња на функционери, градоначалници, одговорни… Ама никој не спомнува зошто после 5 години власт не е отворена истрага за неисчистените канали и никој не е во затвор за тоа, кога се знаат имињата на виновниците.
Мислам, јасно ми е дека се ближат избори и дека времето лета кога си во фотелја, ама намалете малку со лешинарење.
***
А тие хеликоптерите шо ги купивме со парите од мерцедесот на Грујо, исто не летаат ноќе?!
Уствари заборајв, за амбулантни возила беа тие.
***
Добро шо ги споредвите пожарите со епидемијата.
Многумина забораваат дека вакцините што ќе стигнеа во јануари ги добивме во мај. Исто како со канадерите.
Ама тоа дека народот е стока….
***
Стојанче сметал дек требит да е награден пошо го спасил Кочани.
Отсуството на срам изгледа не му е доволна награда.
***
ЦУК – Центар за усерување на кризи.
***
Немаат проблем три дена да бараат оправдувања за неопременоста на пожарникарите, ама си ќутат за разрешување на директорката на инспекторатот за животна средина.
ФБ праведници in a nutshell.
***
Maja Морачанин за разрешувањето на директорката на инспекторатот за животна средина: „Тоа не е мое лично барање, ние како ДОМ го разгледавме тоа на извршен одбор.“
„Ние како ДОМ“ или во превод: Маја сама пред огледало.
***
Докторот што ја сликна таблата на „дермавенетерологија“ на поликлиника Букурешт, добил отказ.
Неписмените што ја напишале и одобриле таблата, уште се на работа.
Ќе нѐ биде!
(ФБ статуси на авторот)