Рекордни 205 нови случаи на ковид-19, починаа шестмина

1,676

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19. Во Скопје има 60, Куманово 13, Дебар 17, Штип 10, Прилеп 2, Тетово 13, Струга 12, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 23, Струмица 1, Крушево 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 1, Свети Николе 29, Кичево 7, Ресен 3.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.






Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје 113, Куманово 28, Дебар 8, Штип 15, Прилеп 1, Тетово 40, Струга 52, Велес 1, Охрид 57, Кавадарци 1, Гостивар 8, Крива Паланка 4, Кочани 1, Пробиштип 1, Валандово 2 и Ресен 4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и едно суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Поврзани содржини
na