РЕКОРДНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Николоски уверува дека владата има резервни мерки, ако потрае енергетската криза

Вицепремиерот вели буџетот е во одлична кондиција и доколку се соочиме со ситуација на продолжена воена криза, со добро планирање ќе се дадат сериозни одговори.

57

Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65% реализација на капиталните инвестиции до сега, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Буџетот е во одлична кондиција и доколку се соочиме со ситуација на продолжена воена криза, со добро планирање ќе дадеме сериозни одговори. Има сет на мерки кои што ги чуваме како резерва доколку ова ескалира. Јас се надевам дека ќе заврши, дека ќе можеме да се вратиме во нормала – рече Николоски во гостувањето на ТВ Телма.






Тој рече дека реализацијата на капиталните расходи на неговиот ресор, во првиот квартал годинава изнесува повеќе од 65%.

-Во однос на капитални расходи, многу сум горд на тоа што Министерството за транспорт е апсолутен рекордер во работење, заклучно со 31. март, односно во првиот квартал оваа година, реализацијата на капитални расходи е 65%, а на ниво на Влада е 32%. Не можете да најдете ниедна година откако државата е самостојна со вакви бројки, што значи дека сериозно сме посветени на капиталните расходи и инвестиции – рече Николоски.

Поврзани содржини