РЕКОРДНА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО РУСИЈА Путин повика 160.000 нови војници
Годишното регрутирање на воено способното население во Русија е редовна пракса, но оваа година бројот на мобилизирани е зголемен во однос на претходните години.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетниот регрутeн повик, со кој ќе бидат мобилизирани 160.000 војници на возраст од 18 до 30 години, објавија руските медиуми.
Оваа мобилизација се смета за дел од пошироките подготовки за потенцијална нова офанзива во Украина. Годишното регрутирање на воено способното население во Русија е редовна пракса, но оваа година бројот на мобилизирани е зголемен во однос на претходните години.
За споредба, во 2024 година биле регрутирани околу 150.000 војници, во 2023 година 147.000, додека во 2022 година тој број изнесувал околу 134.000 лица.
Со овој указ, се потврдува и одлуката од август 2023 година, со која Путин ја зголеми горната старосна граница за регрутирање од 27 на 30 години, овозможувајќи поширок опфат на нови регрути.