РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДОТ НА УЛИЦАТА МАРКС И ЕНГЕЛС ВО БИТОЛА Ќе бидат опфатени 35 куќни приклучоци

0

ЈКП „Водовод“ – Битола денеска започна со реконструкција на водоводната мрежа на делница од улицата Маркс и Енгелс во Битола.

Вкупната должина на мрежата со приклучоци е 396,8 метри и опфаќа 35 куќни приклучоци.






Овој проект е дел од проектите добиени во рамки на Вториот повик на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на проекти за унапредување на локалната самоуправа.

Реконструкцијата претставува дел од пошироките активности насочени кон постепена и целосна замена и модернизација на водоводната мрежа низ целото градско подрачје, со цел подобрување на сигурноста и квалитетот на водоснабдувањето за граѓаните на Битола.

Граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите наредни активности и динамиката на изведување на работите.

Поврзани содржини