РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДОТ И НА КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ДИЖОН Општина Чаир доби 3 милиони евра грант од Владата

Проектот опфаќа 16 улици и улички во рамки на населбата Дижон и директно ќе го подобри квалитетот на живот на над 1.000 семејства, преку обезбедување стабилно снабдување со чиста вода и ефикасен систем за одведување на отпадни и атмосферски води.

75

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и првиот заменик-претседател на Владата на, Изет Меџити, денеска го означија почетокот на еден од најголемите инфраструктурни проекти што се реализираат во Чаир – реконструкција на водоводната и канализациската мрежа во населбата Дижон, со вкупна инвестиција од речиси 1,5 милиони евра.

Проектот опфаќа 16 улици и улички во рамки на населбата Дижон и директно ќе го подобри квалитетот на живот на над 1.000 семејства, преку обезбедување стабилно снабдување со чиста вода и ефикасен систем за одведување на отпадни и атмосферски води.






– Само со овој повик минатата година, Чаир доби близу 3 милиони евра од Владата, додека над 8 милиони евра во проекти беа добиени на почетокот на оваа година. Тоа значи дека за 10 месеци владеење доделивме над 11 милиони евра грантови за Општина Чаир. За разлика од 0 денари доделени од претходната Влада во 2022, 2023 и првата половина од 2024 година, сè до падот на корумпираната Влада со функционери на американската црна листа – изјави Меџити.

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу упати благодарност до Владата и до првиот заменик претседател на Владата Меџити за поддршката.

 

Поврзани содржини