📽️ РЕКИТЕ НОСАТ КУЌИ, АВТОМОБИЛИ И СТРАВ ВО КАЛИФОРНИЈА Повеќе од 100.000 луѓе останаа без струја на Божиќ

Во округот Сан Диего, 64-годишен маж починал кога дрво паднало врз неговата куќа. Во градот Рединг, 74-годишна жена се удавила кога поплавите ја зафатиле нејзината кола. Третата жртва, жена во 70-тите години, била однесена од огромен бран во државниот парк Макеричер.

500

Три лица го загубиле животот во Калифорнија откако обилните дождови предизвикале катастрофални поплави и лизгање на земјиште во повеќе окрузи. Националната метеоролошка служба на САД соопштила дека неколку региони добиле до 27 сантиметри дожд, што резултирало со евакуации и блокирани автопати.

Во округот Лос Анџелес, службите за итни случаи извлекувале луѓе заробени во своите возила. Гувернерот Гевин Њусом прогласил вонредна состојба. Градоначалничката Карен Бас ги повикала граѓаните „да не ја сфаќаат оваа бура несериозно“.

 






– Ги повикувам сите жители на Лос Анџелес да останат безбедни и да бидат исклучително внимателни на патиштата ако мора да патуваат – изјавила Бас.

Во округот Сан Диего, 64-годишен маж починал кога дрво паднало врз неговата куќа. Во градот Рединг, 74-годишна жена се удавила кога поплавите ја зафатиле нејзината кола. Третата жртва, жена во 70-тите години, била однесена од огромен бран во државниот парк Макеричер.

Метеоролозите предупредуваат дека опасноста не поминува. Нови врнежи се очекуваат до петок, додека брзината на ветрот во заливот Сан Франциско достигнала 161 км/ч. Областа Алтадена, веќе оштетена од пожар, доживеала ново лизгање на земјиште.

Над 100.000 домови останале без електрична енергија. Властите издале предупредувања за ненадејни поплави во делови од Сан Бернардино и заливот Сан Франциско. Националната метеоролошка служба нагласила дека реките може дополнително да надојдат, а некои потоци веќе се излеале.

Поврзани содржини