📽️ РЕКАТА ВЕЧЕРВА НАДОЈДЕ ВО СЛУПЧАНЕ Жителите стравуваат дека ќе се излее од коритото
Жителите стравуваат дека реката ќе се излее од коритото.
Силното невреме проследено со пороен дожд предизвика проблеми низ државата.
На територијата на Општина Липково, во селата Липково, Отља, Оризаре и Слупчане во 18.15 часот почна да врне дожд, проследен со ветар и има паднато многу град.
ЦУК известува дека има оштетено земјоделски садници и дека има оштетено автомобили од паднатиот град.
Зголемено е нивото на водостојот на реката во Слупчане и постои ризик за излевање.