Реката надојде неколку метри, ги поплави прстите на гигантскиот Буда (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)
Статуата висока 71 метар е под заштита на УНЕСКО, таа е подигната во карпестиот брег некаде околу осмиот век.
Се поплавија прстите од стапалата на гигантската статуа на Буда во Кина за прв пат од 1940 година наваму, пишува Би-би-си.
Статуата висока 71 метар е под заштита на УНЕСКО, таа е подигната во карпестиот брег некаде околу осмиот век. Вообичаено статуата е високо над нивото на водата, но сега областа е погодена од најголемата поплава во последните 70 години. Поради поплавите во Кина се евакуирани повеќе од 100.000 луѓе и се спасени 180 туристи кои биле заробени од надојдената вода.
Статуата е мошне популарна туристичка атракција и често пати вклучува бродски тури по должината на реката Јангце и кај браната Трите Клисури.
Според кинеските новинските агенции, легендата вели дека ако се натопат стапалата на Буда, градот Ченгду, кој има 16 милиони жители, исто така ќе биде поплавен.
Провинцијата Сичуан вклучи највисоко ниво на итна реакција откако силните дождови кои паѓаа со недели предизвикаа рекордни нивоа на водата, а нема знаци дека наскоро ќе престанат. Зад браната на Трите Клисури има масивна хидро-електрична централа со огромни количества вода. Министерството за водни ресурси предурпеди дека ако се урне браната може да настанат големи поплави вклучително и во главниот град Чонгкинг.
На фотографиите може да се види колку високо била поставена статуата крај брегот и колку многу е најдодена водата.