РЕК БИТОЛА ПРОИЗВЕДУВА 0 КИЛОВАТИ СТРУЈА Одговорност од СДСМ и ДУИ, бара ВМРО-ДПМНЕ

За жал, овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните на Македонија, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се сѐ уште високи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

1,060

Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Со производство на енергија во РЕК Битола од 0 MW, „шампионите “ во енергетиката го имплементираат во целост зеленото сценарио за чиста енергија, реагира комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на информацијата дека е запрено производството на струја во РЕК Битола поради пукната цевка.

„Прво го запалија трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, а утрово излезе од погон и Блок 1 поради пукната цевка во котел. Со тоа РЕК Битола е комплетно надвор од погон, бидејќи Блок 2 е сѐ уште во ремонт. Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Со производство на енергија во РЕК Битола од 0 MW, „шампионите “ во енергетиката го имплементираат во целост зеленото сценарио за чиста енергија. За жал, овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните на Македонија, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се сѐ уште високи. За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да си понесат одговорност! “, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзани содржини