РЕК БИТОЛА И ТЕЦ ОСЛОМЕЈ ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ ДО 2027 ГОДИНА? Николоски тврди дека Власта ќе мора да ги исклучи ако земе кредит од Европската банка
Оттука по 2027 година Македонија практично нема да произведува сопствена електрична енергија и целосно да е увозно зависна и цените кои ги има стопанството да ги имаат сите граѓани, преку 7 илјади лица да останат на улица и веројатно уште стотици кои би останале на улица поради компаниите. Така што она што е значајно дека ги кријат клучните елементи за да земат заем, изјави Николоски во гостувањето на Канал 5.
Владата сака да земе кредит од дури 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5 додавајќи дека ова за партијата е недозволиво.
– Прво самиот процес на задолжување е проблематичен се земаат пари заради неодговорни политики и ќе ги враќаат генерациите понатаму. Второ и уште попроблематично е што Владата доставува закон во Собрание, но во него не го доставува клучниот дел кој ќе ви го прочитам кој вели – доколку се подигне овој кредит треба да се потпише договор од кој точка 5.3.3 е деактивирање на постоечката ТЕЦ на јаглен Осломеј и термоелектраната Битола тоа е познатата РЕК Битола и стопирање на активностите во овие термоелектрани. ТЕЦ Осломеј да се затвори до крај на 2023 година, односно ТЦ Битола до крај на 2027 година – информираше Николоски.
Тој објасни дека ова е дел од постапката за одобрување на заем односно кредит, а власта ги крие од јавноста, бидејќи во ни еден момент не кажа дека услов за кредитот е Кичево и Битола да станат пусти градови едниот по 2023, другиот по 2027 година.
– Оттука по 2027 година Македонија практично нема да произведува сопствена електрична енергија и целосно да е увозно зависна и цените кои ги има стопанството да ги имаат сите граѓани, преку 7 илјади лица да останат на улица и веројатно уште стотици кои би останале на улица поради компаниите. Така што она што е значајно дека ги кријат клучните елементи за да земат заем – кажа Николоски.