Редок случај во светот: 20 годишно момче во Скопје излекувано од ковид-19 кој предизвикал воспаление на мозокот
По две недели лекување во болницата „8-ми Септември“ излекувано е 20-годишно момче со редок случај на ковид-19 кој предизвикал воспаление на мозокот. Ова е шести ваков случај познат во светски рамки, објави Телма ТВ.
Пред две недели детето со возило на ИМП било донесено од Клиниката за неврологија, во ГОБ „8-ми Септември“ со симптоми на мозочен удар.
– Според досегашните сознанија ова е шести случај во светот, откако е започната пандемијата – вели за Телма, д-р Илија Здравков, спецјалист по неврологија во ГОБ „8-ми Септември“.