РЕДИЦИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА И ВО ПУНКТОТ НА БИТ ПАЗАР Млади и стари чекаат да ги боцнат

Имаме едно вакцинално место, но во зависност од заиентерисираноста на граѓаните ќе приспособиме дополнителни простории, вели д-р Мелихате Бектеши од поликлиниката Бит Пазар.

646

Редици за вакцинација утрово има и пред вакциналниот пунк на поликлиниката Бит Пазар. Метежот се создава поради бавната процедура бидејќи граѓаните кои сакаат да се вакцинираат прво треба да се пријават која вакцина ја избираат, потоа одат на преглед кај лекар по што следи потпишување на согласност дека сакаат да се имунизираат, ги внесуваат во системот и одат на вакцинација.

– Од вчера сме подготвени за почеток на вакцинацијата. Имаме едно вакцинално место, но во зависност од заиентерисираноста на граѓаните ќе приспособиме дополнителни простории. Од утрово има многу заинтересирани за имунизација и тоаи млади но и повозрасни. На располагање ги имаме трите вакцини Синовак, АстраЗенека и Фајзер кои ги даваме според препораките на Министерството за здравство. Очекувам дека ќе расте интересот за вакцинација откако граѓаните ќе разберат дека во поликлиниката Бит Пазар се врши имунизација – вели д-р Мелихате Бектеши од поликлиниката Бит Пазар.






Вакциналниот пунк во поликлиниката Бит Пазар работат во две смени од 8 до 19.30 часот.

Поврзани содржини