📽 РЕЧИСИ ВЛЕЗЕ НА НАТОВСКА ТЕРИТОРИЈА Русите со дрон нападнаа на 100 метри од Романија

Каналот „Вишеград24“ на Твитер објави снимка од паѓањето на дронот и напиша дека тој паднал во пристаништето Реми на реката Дунав кое се наоѓа на 100 метри од границата со Романија.

796

Украинските власти обвинуваат дека руски дрон од типот „Шахед“ синоќа паднал многу блиску до територија на Романија. Се работи за еден од дроновите кои нападнаа украински пристаништа од каде се извезува жито во очи на претстојната средба на Владимир Путин и Ердоган.

Каналот „Вишеград24“ на Твитер објави снимка од паѓањето на дронот и напиша дека тој паднал во пристаништето Реми на реката Дунав кое се наоѓа на 100 метри од границата со Романија.






Украинскиот функционер Олег Николенко, на Фејсбук дури тврдеше дека дроновите паднале на територија со Романија.

„Според украинската државна гранична служба, синоќа, при масовен руски напад во близина на пристаништето Измаил, руски „Шахеди“ паднале и експлодирале на територијата на Романија“, напиша на Фејсбук украинскиот функционер Олег Николенко.

 

„Ова е уште една потврда дека рускиот ракетен терор претставува голема закана не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на соседните земји, вклучително и земјите-членки на НАТО“, додаде тој.

Николенко објави фотографија на која се гледаат пламени јазици по експлозијата на спротивниот брег на Дунав.

Украински извор изјави дека две руски беспилотни летала паднале на романската страна на Дунав.

Истовремено, се јавија романските власти кои „категорично негираат“ дека руски беспилотни летала паднале на нејзина територија. Со тоа тие го отфрлаат тврдењето на Киев дека во текот на ноќта за време на нападот врз украинскиот пристанишен град Измаил паднале остатоци од дронови.

Министерството за одбрана соопшти дека ја следело „во реално време ситуацијата предизвикана од нападите со руски беспилотни летала“.

„Категорично негираме дека руски беспилотни летала паднале на националната територија на Романија“.

 

 

 

Поврзани содржини