Речиси половина Скопје сè уште нема струја, ЕВН работи на терен

Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без електрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош.

1,049

Сè уште на терен работат екипите на ЕВН за да го решат проблемот кој попладневно остави речиси половина Скопје без електрична енергија.

Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без електрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош.






Од ЕВН Македонија соопштија дека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен за да го санираат дефектот.

Во меѓувреме корисниците се префрлуваат во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.

Поврзани содржини