1.300 тони индиски сусам лани биле увезени во Македонија – колку од ова количество било безбедно за употреба?
Вчера од Агенцијата за храна и ветеринарство ни потврдија дека имаат добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам со потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуим од пестицид – етилен оксид, како и дека е постапено по две нотификации, а за третата од јануари годинава постапката е во тек.
Во текот на 2020 година во Македонија биле увезени 1.751,8 тони сусам, со вкупна вредност 2.809.286,92 евра, од кои речиси повеќето, или 1.299,2 тони, се од Индија, со вредност од 2.077.607,95 евра, велат податоците од Царинската управа до кои дојде Плусинфо.
Останува прашањето колку од овие речиси 1.300 тони сусам кои биле увезени од Индија се безбедни за употреба, дали и колку од контаминираниот сусам е пуштен во продажба и го користат Македонците.
Вчера од Агенцијата за храна и ветеринарство ни потврдија дека имаат добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам со потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуим од пестицид – етилен оксид, како и дека е постапено по две нотификации, а за третата од јануари годинава постапката е во тек.
– Извршена е вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла. Во вториот случај, при примената нотификација на 06.11.2020 година, направена е контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и е утврдено дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините – додаваат од Агенцијата.
Од Царинската управа ни посочија дека надлежна институција за забрана на увозот на сомнителниот сусам е Агенцијата за храна и ветеринрство.
Инаку, по Индија, во Македонија во минатата година најмногу сусам бил увезен од Индонезија, или 185 тони, со вкупна вредност од 311.022,26 евра, додека на трето место е сусамот од Судан, 149 тони кои вредат 218.823,32 евра. Помали колични се увезени од Пактистан (36 тони – 48.923,44 евра), Нигерија (36 тони – 55.453,73), 25 тони од Того (25 тони – 48.762,26 евра), Турција (10 тони – 21.543,76 евра), Аргентина (6 тони – 9.709,07) и Етиопија (6 тони – 12.310,19 евра).
Во Македонија исто така има влезено сусам од Уганда (650 кг – 2.263,81 евра), Грција (300 кг – 1.084,18 евра), Боливија ( 276 кг – 1.175,97 евра), Казахстан (108 кг – 247,61 евра), Парагвај (48 кг – 301,29 евра и само 5,5 килограми од Словенија вредни 58,07 евра.
