Реал преку „Ел Класико“ до титула во кошаркарскиот Суперкупот

Херој во финишот на „кралевите“ по којзнае кој пат беше Факундо Кампацо.

208

Реал Мадрид се радуваше на титула во кошаркарскиот Суперкуп на Шпанија, откако во натпревар со неизвесна завршница ја доби Барселона со 72-67.

Херој во финишот на „кралевите“ по којзнае кој пат беше Факундо Кампацо. Иако запиша „само“ 21 поен, Аргентинецот беше прецизен во клучните моменти од средбата. Најубавиот поен за Факундо се случи при резултат од 67-67, кога плејмејкерот на неверојатен начин го пронајде патот до кошот.






Барселона силно парираше и не сакаше лесно да го „положи оружјето“, но Адам Ханга веднаш по поените на Кампацо загуби топка и го испрати да шутира слободни фрлања. Потоа Ханга промаши и тројка за израмнување на три секунди до крајот, па Реал Мадрид се радуваше на титула во Суперкупот на Шпанија.

Инаку, Кампацо беше поддржан од Абалде (13) и Дек (11), додека кај Барселона блесна Никола Миротиќ со 22, а Дејвис и Калатес имаа 12, односно 11 поени.

Поврзани содржини