РЕАЛ ЈА СОВЛАДА БАРСЕЛОНА ВО ЕЛ КЛАСИКО Напнат меч до последната минута
Во второто полувреме, и покрај неколку шанси за двете страни, немаше голови.
Најголемото светско фудбалско дерби, популарното „Ел Класико“, меѓу Реал и Барселона се одигра во Мадрид при што Реал Мадрид на домашен терен ја победи Барселона со резултат 2:1. Со овој триумф „кралскиот клуб“ ја прекина серијата на големиот ривал, кој минатата сезона ги доби сите четири меѓусебни натпревари.
Во втората минута судијата досуди пенал за Реал врз основа на фаул од Ламин Јамал над Винисиус, но ВАР ја поништи пресудата.
Околу 12 минути подоцна, по прецизно додавање од Белингам Мбапе го даде првиот гол.
Барселона израмни во 38. минута со шутот на Фермин Лопез.
Само четири минути подоцна, Белингам возврати со гол со кој Реал поведе 2:1.
Во второто полувреме, и покрај неколку шанси за двете страни, немаше голови.
По денешниот натпревар и 10. коло Реал Мадрид е лидер на табелата со 27 бодови, пред Барселона која има 22.