„РЕАГИРАВ КАКО МАЈКА, А НЕ КАКО ДАМА“ Северина на суд поради напад на директорката во училиштето на нејзиниот син
Во јавноста беа објавени пораките што Северина и ги праќала на Љиљана Клингер, директорката на училиштето во кое учи нејзиниот син Александар, во кои таа ја нарекува „стара куца баба“ и ѝ вели дека ќе ја „задави со свои раце“.
Хрватската пејачка Северина се појави во Општинскиот суд во Загреб, каде започна нејзиното судење за наметливо однесување и закани кон поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади на Град Загреб, Гордана Буљан Фландер и кон Љиљана Клингор, директорката на основното училиште што го посетува нејзиниот син.
– Дотичните дами ѝ пишале на главната државна правобранителка, лично и побарале да се справи со мене. И еве јас сум на суд наместо тие да бидат предмет на истрага затоа што правеле незаконски дејствија од позиција на власт – рече Северина, пренесуваат хрватските медиуми.
Популарната пејачка појаснува зошто се нашла на суд и вели дека не се чувствува виновна.
– Воопшто не се чувствувам виновна и мислам дека на мое место требаше да бидат тие две дами, од кои едната ја нареков кривонога баба, бидејќи во Сплит навистина имаме секакви изрази – вели Северина.
Во 2021 година, во јавноста беа објавени пораките што Северина и ги праќала на Љиљана Клингер, директорката на училиштето во кое учи нејзиниот син Александар, во кои таа ја нарекува „стара куца баба“ и ѝ вели дека ќе ја „задави со свои раце“.
После тоа, директорката на училиштето се обратила до надлежниот министер и се пожалила дека полицијата не презела ништо по нејзините пријави. „Сериозно се плашам за мојата безбедност, ве молам помогнете ми, за да не мора наместо опомрена за госпоѓата, да испраќате телеграми за сочувство“ – напишала Клингер.
– Да, реагирав како мајка, а не како дама. Сега, кога почна да се расплеткува корумпираната мрежа, или барем така верувам, Љиљана Клингер се обидува да се прикаже како жртва, но всушност сака да го убие гласникот на корупцијата- изјави потоа Северина за Индекс.хр
Пејачката стои на својот став дека не е виновна и истакнува дека таа и нејзиниот син не се единствени жртви „во синџирот на корупција“
– Таа не се плаши од мене, таа се плаши од последиците од нејзините постапки. Моето дете и јас не сме единствените жртви на нејзините постапки, ниту на корупцијата во целиот синџир на институции во Загреб – вели Северина.