РЕЏЕПИ Е УБЕДЕН ВО ДАТУМ ЗА МАКЕДОНИЈА ОВАА ЗИМА Испратен е писмен одговор на бугарските барања?!

Бевме брифирани од Премиерот за време на координацијата на партнерите на мнозинството, каде што беше кажано дека веќе е испратен документот како одговори на барањата за дообјаснување на некои точки кои беа пречка, рече Реџепи за Сител.

1,441

Исклучениот пратеник на БЕСА Кастриот Реџепи, кој ја урна опозициската иницијатива за недоверба на владата, за ТВ Сител денес изјави дека е убеден оти Македонија до крајот на јануари ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.

– Многу блиску сме да се надминат пречките и да започнеме разговори. Имаме информации и од претставници на државите од Европската унија, од САД, но исто така и од Владата. Бевме брифирани од Премиерот за време на координацијата на партнерите на мнозинството, каде што беше кажано дека веќе е испратен документот како одговори на барањата за дообјаснување на некои точки кои беа пречка – рече Реџепи за Сител.

Поврзани содржини