РАЗРЕШЕН НАЧАЛНИКОТ ОД ДЕМИР ХИСАР Истрага за неетичкото и непрофесионалното однесување на службеникот

Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка и ја осуди секоја форма на насилство и незаконско постапување.

1,924

Министерството за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола при МВР изврши проверка по објавено видео од претрес во Демир Хисар. Во текот на проверките е констатирано непрофесионално и неетично однесување на началник од ОВР Демир Хисар.

За наведеното лице е покрената дисциплинска постапка, а со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, началникот ќе биде разрешен од функцијата.






Министерството за внатрешни работи јасно го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата постои за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.

🎥 СЛУЧАЈОТ СО ДИРЕКТОРКАТА ОД ДЕМИР ХИСАР ЈА ВКЛУЧИ ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА НА МВР Под истрага е началникот кој бараше итен распит

Поврзани содржини