РАЗОТКРИЕН „ВУЛКАН“ – ТАЈНАТА РУСКА АРМИЈА ЗА САЈБЕР ВОЈНА! Протекоа воени тајни на Кремљ за хибридното војување

Илјадниците страници содржат интерни документи на ИТ фирмата „Вулкан“, проектни планови, објаснувања на софтверите, упатства, интерни меилови, за планирани и извршени хакерски операции ширум светот. Во целите на програмата, спаѓа на пример и специјален софтвер за излизгување на возови од шините, како и за блокада на компјутерите на одреден аеродром!

853

Приватна ИТ компанија под име „Вулкан“ функционира како руска тајна армија за кибернетски напади, ширење масовна пропаганда и дезинформации, покажуваат протечени документи на тајните служби на Русија, објавени од истражувачки тим во кој учествувале новинари од германски Шпигел, ЦДФ и Зиддојче цајтунг, како и други интернационални медиуми, а врз база на податоците кои им ги доставил поранешен припадник на рускиот безбедносен апарат.

Истражување на повеќе интернационални медиуми, извршено врз база на протечени документи, ги обелоденува работните планови на московската ИТ фирма „Вулкан“ за развој на алатки со кои државните хакери извршувале сајбер напади, филтрирање на протокот на информации на интернет, како и ширење масовна пропаганда и дезинформации.






Во целите на програмата, според протечените документи, спаѓа на пример и специјален софтвер за излизгување на возови од шините, како и за блокада на компјутерите на одреден аеродром. Нејасно е дали оваа програма веќе е применувана против Украина.

Илјадниците страници содржат интерни документи на ИТ фирмата „Вулкан“, проектни планови, објаснувања на софтверите, упатства, интерни меилови, како и платежни документи, кои документираат како руските тајни служби планирале и извршувале хакерски операции ширум светот.

Најголем дел од фајловите анонимниот свиркач ги обезбедил кратко пред руската агресорска војна во Украина и им ги ставил на располагање на медиумите. Како мотив, свиркачот ја навел својата огорченост од руската инвазија врз Украина и тесните врски на фирмата Вулкан со руските тајни служби.

Повеќе западни тајни служби ја потврдиле автентичноста на протечените документи.

Поврзани содржини