РАЗОРНО ТОРНАДО ОДНЕСЕ 50 ЖИВОТИ ВО КЕНТАКИ Властите стравуваат дека бројката е поголема
Гувернерот на Кентаки во интервју за локалната телевизија WLKY изјави дека бројот на загинати може да биде „биде значително поголем“.
Околу 50 лица веројатно го загубија животот во разорното торнадо што го погоди Кентаки доцна вчера и рано утринава, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, цитиран од Вашингтон пост.
Бешеар во интервју за локалната телевизија WLKY изјави дека бројот на загинати може да биде „биде значително поголем“.
– Информациите што доаѓаат се навистина болни – рече тој, пренесе „Пост“.
Си-Ен-Ен јавува дека невремето што од вчера вечер опустоши вкупно пет американски сојузни држави создаде најмалку 19 торнада, што предизвикаа огромни штети и дека има жртви и во другите држави