📽️ РАЗОРЕН РУСКИ НАПАД НА ОДЕСА Силна детонација го потресе градот, има жртви

Олех Кипер, шеф на државната администрација на регионот Одеса, го објави нападот на Телеграм. Според него, како резултат на рускиот напад била зафатена цивилната инфраструктура во Одеса.

1,428

Руските сили утринава нападнаа цивилни објекти во Одеса, а во нападот има и жртви, јавува украинскиот портал Укринформ.

Олех Кипер, шеф на државната администрација на регионот Одеса, го објави нападот на Телеграм. Според него, како резултат на рускиот напад била зафатена цивилната инфраструктура во Одеса.






– Пожарот се гаси – рече Кипер.

Претходно, градоначалникот на градот, Хенадиј Труханов, извести за експлозијата за време на воздушниот напад.

– Се слушна експлозија во градот! – напиша тој на Телеграм.

 

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ракетите, кои се движеле во правец на Миколаев и низ регионот Баштанка на северозапад, го смениле курсот кон областа Одеса.

Поврзани содржини