РАЗГОВОР ЗА СЕКС, ФОТКИ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ Што е „синдром на срамен родител“?

Децата, особено адолесцентите и тинејџерите често ги обвинуваат своите родители за засрамувачко однесување, што може да доведе и до затегнати односи, па дури и до оддалечување.

190

Желба на секој родител е да се радува на своите деца и да ги направи среќни. Според ова, никој не би сакал да им создава непријатни ситуации или да ги посрамотува пред другите деца и останати. Децата, особено адолесцентите и тинејџерите често ги обвинуваат своите родители токму за засрамувачко однесување, што може да доведе и до затегнати односи, па дури и до оддалечување.

Затоа понекогаш се говори и за поимот „синдром на срамен родител“ што претежно се однесува на лица над 40 години, кои најчесто се чувствуваат помлади отколку што се, а децата ги доживуваат сосем спротивно. Едно истражување коешто опфатило 2.000 деца на возраст меѓу пет и 20 години и нивните родители нуди увид во првите 10 најсрамни работи што родителот ги прави за детето.






– Мама/тато танцува;

– Јавно покажување љубов (кон децата, или возрасните меѓу себе);

– Користење застарен „сленг“ и „обид“ да се изгледа младешки;

– Носење облека несоодветна за возраста;

– Раскажување непријатни приказни, анегдоти, детски приказни;

– Чистење и раскренување по своите или по други деца;

– Приклучување на социјалните мрежи и „специфично“ однесување на нив;

– Општо неразбирање на технологијата;

– Почнување разговори за секс;

– Претерано пиење алкохол.

Поврзани содржини