Меган Маркл (38) се омажи за принцот Хари (35) во мај 2018 година. Како сопруга на британскиот принц, таа беше во можност да оствари голем број привилегии. Тоа вклучуваше венчавка од стотици илјадници фунти, реновиран замокот Виндзор…
Меѓутоа, Меган никогаш немала пристап до колекцијата на накит на кралицата Елизабета Втора (93), пренесуваат странските медиуми. Веројатно нема никогаш ниту да има, со оглед дека таа и Хари се повлекоа од кралските должности на 31 март.
Кралскиот накит игра важна улога во протоколот. Особено важно е правилото на кралицата дека само на сопругите на принцовите им е дозволено да носат тијари. Меган често носеше накит со скриени пораки, вклучително и прстен, влучувајќи го прстенот на кој го пишува датумот на раѓање на нејзиниот син Арчи. На почетокот на нејзината врска со Хари, таа носеше ѓердан со буквата Х.
Меган исто така носеше неколку парчиња накит од покојната принцеза Дајана. Ако дојде до поволен момент, Меган повторно ќе може да носи накит од кралската колекција, но со дозвола на кралицата. Елизабета никогаш не ѝ дала да носи накит, освен на денот на свадбата со Хари, кога носела тијара, која ѝ припаѓала на бабата на кралицата.
Маркл се надевала дека ќе ја носи смарагдната тијара на својата свадба, но кралицата не ѝ дозволила, што тогаш предизвикало тензија во семејството.
Меѓутоа, на Кејт Мидлтон (37) ѝ е дозволено да го носи накитот на кралицата, па може да се насети дека кралицата ги фаворизира сопругите на принцовите кои се први во редот за наследство. Тоа е во овој случај, принцот Вилијам (37), веднаш по неговиот татко, принцот Чарлс (71).