РАЗБОЈНИЦИ ЈА УБИЛЕ СОПРУГАТА НА ЛЕГЕНДАРНИОТ МУЗИЧАР Упаднале во нивниот дом
Жаклин Авант била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.
Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес. Жаклин Авант имала 81 година.
Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.
Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.
Сопругата на Авант, Жаклин, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала.
Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале кога влегле во куќата и ја застрелале сопругата на Авант.
Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.
Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга. Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.