Полицијата во Манчестер во саботата добила информација дека во двор е во тек масовна забава, соопшти полицијата.
Термовизиската снимка, која ја објави полицијата, покажува дека има многу присутни на забавата во збиен простор и дека неки прескокнувале ограда за да се приклучат на журката.
Од полицијата велат дека благодарение на соработката на граѓаните успеале да ја откријат забавата.
Претседателот на градското Собрание на Манчестер Нејџел Марфи во својата изјава немал милост за „посебно флагрантното кршење на ковид-19 мерките, пропишани за заштита“.
– Ја поздравувам оваа жестока акција на полицијата и потсетувам дека јавното здравје мора да е најважно од се и дека себичните кршења на правилата нема да се толерираат – вели Марфи.