РАСТЕ ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ Народна банка регистрира раст од 9,9 отсто

Вкупните заштеди пак пораснале само за 2,4 отсто.

85

Вкупните депозити во мај на годишна основа бележат раст од 2,4 отсто, а вкупните кредити пораснале за  9,9 отсто, покажуваат податоците на Народната банка (НБ).

Растот кај депозитите е резултат на зголемувањето на зголемувањето на депозитите на секторот домаќинства.






Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8 отсто во мај и се резултат на зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

„Годишната стапка на раст од 9,9 отсто е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор“ се гледа од извештајот на НБ.

Во мај, како што се посочува, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1 отсто на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти.

– Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6 отсто, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор , овој месец е забележан месечен раст од 0,5 отсто и годишен од 11,9 отсто поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари – велат од НБ.

Депозитите на домаќинствата, посочуваат, бележат раст од 0,2 отсто во мај во однос на претходниот месец. Годишниот раст изнесува 4,5 отсто.

Вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8 отсто и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити остварија месечен раст од 0,8 отсто, а станбените од 1,2 отсто, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9, односно за 15,8 отсто.

– Во мај, автомобилските кредити бележат месечно намалување од 2,4 отсто и годишно и од 8,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2 отсто. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен раст од 2,1 отсто и годишен од 0,5 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно ниво за 1,9 отсто и на годишно ниво за 34,4 отсто – посочуваат од НБ.

Поврзани содржини