РАСТЕ ПОДДРШКАТА ЗА МАКСИМ ДИМТРИЕВСКИ „За наше Куманово“ стапи во коалиција со Алтернатива и Коалиција за Албанците

Ние ја бараме поддршката од сите граѓани, без разлика на нивниот политички предзнак. Верувам и убедени сме дека во вториот круг ќе издвојуваме уште поголема победа, вели Димитриевски.

749

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, поддржан од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, објави дека е склучена коалиција за вториот круг од локалните избори со Коалиција за Албанците и Алтернатива.

– Ние ја бараме поддршката од сите граѓани, без разлика на нивниот политички предзнак. Верувам и убедени сме дека во вториот круг ќе издвојуваме уште поголема победа. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на сите мои против кандидати коишто многу конструктивно во првиот изборен круг ја водеа својата кампања. И да ја поздравам и поддршката на оваа иницијатива на Беким Салиу. Воедно, сето она што беше изнесено од страна на нашите претставници на шефовите на штабови, во иднина ќе направиме се за да го испочитуваме и одржиме. Се работи за еден политички субјект и концепт којшто сака во иднина да делува исклучиво од граѓаните и за граѓаните. Ние ќе се водиме по принципот на унапредување на можностите и правата на сите граѓани. Куманово има простор за работа на сите полиња. Повеќе од јасно е дека на Куманово му недостасуваат многу проекти. Во идниот период, во нашето делување ќе се обидеме да решиме што поголем проблем на сите наши граѓани, а притоа не правејќи никаква разлика по етничка, верска или било каква друга припадност. Тоа е порака повеќе за оние граѓани кои не ни дадоа поддршка во првиот круг, да се обидеме да се здобиеме со нивната поддршка, бидејќи концептот „За наше Куманово“ е од кумановчани за кумановчани – рече Димитриевски.

Поврзани содржини